понеделник, 16 март 2026

Бецеки победи на спринт трката во Индонезија

Марко Бецеки беше најбрзо на спринт трката која се возеше во рамките од Големата награда на Индонезија во Мото ГП шампионатот.

Објавено на

часот

Сподели

Возачот на Априља на патеката „Мандалика“ стигна до втората победа сезонава, а покрај него на подиумот место имаше и за Фермин Алдегер од Гресини и Раул Фернандез од Трекхаус како третотопласиран.

Марк Маркез откако на минатата трка ја завери шампионската титула, сега изгледа опуштено, па денеска спринтот го заврши на седмата позиција. Поени освоија и Алекс Маркез, Жоан Мир, Лука Марини, Франко Морбидели и Фабио ди Џанантонио.

Главната трка од индонезиското Гран при ќе се вози утре во 9 часот по македонско време. Во генералниот пласман, Марк Маркез е лидер со 544 бода, пред Алекс Маркез со 346 и Франческо Бањаја со 274.

Фото: EPA Photo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ