недела, 22 февруари 2026

Баскет Кам ја победи Крива Паланка и по четврти пат го освои Купот на Македонија

Баскет Кам со 74-68 го победија тимот на Крива Паланка пред своите навивачи во Македонска Каменица и уште еднаш го кренаа трофејот од Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

За кошаркарките на Баскет Кам ова беше шесто последователно финале во македонскиот куп и четврти трофеј, Крива Паланка е дебитант во финалињата, се покажаа во одлично издание и покрај поразот, особено во второто полувреме.

Тимот од Македонска Каменица одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 17-7, а до полувремето го зголеми водството до 42-27 и со убедлива предност заминаа на одморот.

Во второто полувреме Крива Паланка намали од негативата, но тоа беше задоцнет финиш за нив, предноста остварена во првиот дел беше голема и Баскет Кам го доби мечот со 74-68.

Кметовска со 24 поени беше најдобар стрелец, Димова и Поп-Димитриовска постигнаа по 16. Во составот на Крива Паланка убедливо најефикасна беше Робинсон со 30 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ