Башкими го искористи домашниот терен и дојде до три бода против Работнички.
Со голот на Абдулхади Јахја во финишот од првото полувреме домаќинот поведе со 1-0. Башкими во второто полувреме преку Аворнио дојде до предност од 2-0, а до крајот Работнички успеа да постигне само почесен гол преку Хоџа.
Струга немаше проблеми против Арсими, славеше со убедливи 4-0 и покажа дека е значително поквалитетен тим.
Радески во 20. минута го отвори резултатот. Струга поведе со 1-0. На почетокот од вториот дел следуваа два гола на Шабани за веќе убедливи 3-0, а конечните 4-0 беа дело на Малески.






