Натпреварот во Куманово не изобилуваше со шанси, особено во првото полувреме во кое двете екипи играа претпазливо и без поголем ризик. Одлучувачкиот момент се случи во 38. минута кога Сумер Хасан највисоко скокна по корнерот на Алити и ја затресе мрежата за 1-0.
Во вториот дел Пелистер се обиде со поофанзивен пристап да стигне до израмнување, изврши неколку измени и притисна кон голот на домаќините. Ивановски и Керим имаа свои можности, а еднаш беше погодена и пречката, но недостасуваше завршница. Башкими знаеше како да го сочува водството и со дисциплинирана игра во одбраната стигна до важни три бода.
Со оваа победа кумановци се зацврстуваат на петтата позиција со 26 бодови, додека Пелистер останува во опасната зона со 19 бодови.
Во следното коло Башкими гостува кај Вардар, а Пелистер ќе ја пречека Струга Трим Лум.






