понеделник, 2 јуни 2025

Башкими е нов прволигаш, Беса загуби и се распадна (ВИДЕО)

Башкими со 2-0 ја победи Беса во бараж мечот за место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), клубот од Добридол по мечот излезе со соопштение дека веќе нема да постои.

Објавено на

часот

Сподели

До победата кумановскиот состав дојде до триумф со по еден гол во двете полувремиња. Резултатот го отвори Сахити по една контра во 37. минута за потоа на десетина минути пред крајот Алексовски да го потврди трумфот.

По натпреварот раководството на Беса излезе со соопштение дека клубот веќе нема да постои, ќе се фокусираат само на младинскиот погон.

„По долг период на ангажман, посветеност и жртва за клубот кој ни е во срцето, донесовме одлука дека од денеска сениорскиот тим нема да се натпреварува. Нашата иднина ја гледаме во развојот на академијата. Во овој момент на разделба, чувствуваме потреба од дното на срцето да им се заблагодариме на сите кои не поддржуваа во добро и лошо. На сите кои ја носеле нашата боја, на стручниот штаб, на оние кои вложија, мали или големи, придонеси во нашиот пат. Ви благодариме!“, стои во соопштението на Беса.

Фото: Фб/Башкими

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ