вторник, 10 март 2026

Барселона во 96. минута избегна пораз, Атлетико и Баерн убедливи во ЛШ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Баерн Минхен убедливо победија во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, а Барселона избегна пораз од Њукасл во 96. минута.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Њукасл и Барселона одиграа драматичен натпревар кој кулминираше во завршницата и заврши со реми (1-1). Долго време мрежите на „Сент Џејмс Парк“ мируваа, а потоа во финишот паднаа двата погодоци. Харви Барнс донесе предност за „страчките“ во 86. минута од средбата по одлична тимска акција и асистенција од Марфи. Сепак, кога сите чекаа крај, Барса доби пенал кој Ламин Јамал го реализира за реми во шестата дополнителна минута.

Катастрофа доживеа Тотнем на гостувањето кај Атлетико Мадрид и загуби со 5-2 (4-1). Од 6. до 15. минута младиот голман Кински направи две кардинални грешки, па мадриѓани веќе водеа со 3-0. Тогаш Игор Тудор го замени голманот, но ниту тоа не помогна па преку Ле Норман домашните стигнаа до четврти погодок во 22. минута. Педро Поро четири подоцна намали, а во вториот дел по гол дадоа Хулиан Алварез и Доминик Соланке.

Баерн Минхен со една нога е во четвртфиналето, бидејќи ја декласира Аталанта со 1-6 (0-3) во Бергамо. Уште во првиот дел баварците поведоа со три гола преку Станишиќ, Олисе и Гнабри, а потоа во продолжението погодуваа Џексон, вторпат Олисе и Мусиала. Поразот го ублажи Марио Пашалиќ со почесен гол за Аталанта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ