понеделник, 31 март 2025

Барселона рутински си ја заврши работата со Осасуна

Барселона со 3-0 ја победи Осасуна во заостанат натпревар кој претходно беше одложен поради смртта на лекарот во каталонскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Иако се играше многу брзо по настапите кои фудбалерите ги имаа за своите репрезентации, сепак квалитетот пресуди.

Торес уште во 11. минута донесе водство за Барселона од 1-0, а десет минути подоцна Олмо погоди за 2-0.

Во 28. минута Олмо се повреди, па мораше да биде заменет.

Конечните 3-0 ги постави Левандовски во 77. минута, само девет минути подоцна откако влезе во игра.

По 28 одиграни кола во Ла Лига, Барселона има 63 бода, Реал Мадрид 60, а Атлетико Мадрид 56.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ