„Каталонците“ беа силно погодени од пандемијата на ковид-19, па мораа да продаваат имот и средства за да го покријат големиот минус.
Жоан Лапорта порачува дека се гледа светло на крајот од тунелот и тие повторно ќе им конкурираат на ривалите за потписот на најдобрите играчи, но весникот АРА вели дека ситуацијата е всушност многу полоша од она што сака да го прикаже претседателот на клубот.
АРА појаснува дека платите на фудбалерите се исплаќаат во два трансакции, првата во јануари и втората во јуни.
И Барселона во моментов нема пари за да изврши исплата овој месец, односно нема доволно средства за вкупната сума која изнесува околу 250 милиони евра.
Весникот додава дека Жоан Лапорта и неговите соработници работат напорно да обезбедат нов заем од околу 100 милиони евра за да можат да пуштат плата на фудбалерите.






