вторник, 3 јуни 2025

Барселона најмногу профитирала од ВАР, Реал Мадрид бил најоштетен

Шпанскиот весник „АС“ излезе со анализа на ВАР интервенциите за изминатата сезона во Ла Лига, а таа покажува дека Барселона имала многу повеќе корист отколку Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Во сезоната 2024/25 на Ла Лига, ВАР постави нов рекорд во Шпанија со 189 интервенции, надминувајќи го претходниот максимум од 179 кој се случи во сезоната 2022/23.

Овој пораст се припишува на зголемениот број судиски грешки, особено при доделување црвени картони, како и на подобрената детекција на минимални офсајд позиции благодарение на новиот полуавтоматски систем.

ВАР најмногу се користел за пенали (86), па за голови (62), црвени картони (40)…

Најмногу корист од ВАР имала Барселона, 16 интервенции биле во нејзина полза, а 7 против.

Втор кој имал најмногу корист е Атлетик Билбао со 13 интервенции во негова полза, а само 4 против.

Најмногу штета имале Реал Мадрид и Алавас со по 16 интервенции против нив. Кралскиот клуб имал 9 одлуки во своја полза, а Алавес 8.

Реал Мадрид е и тимот со најмногу поништени голови од ВАР, вкупно 8, втор е Виљареал со 6.

Статијата на „АС“ може да ја погледнете на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ