понеделник, 16 март 2026

Барселона ќе ја напушти идејата за Суперлига, Реал Мадрид останува сам

Раководството на Барселона сериозно размислува за напуштање на проектот „Суперлига“ во кој останаа сами со Реал Мадрид откако останатите клубови се откажаа.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не може да го прифати поразот па уште се надева дека ќе креира Суперлига, идеја која пропадна поради напуштањето на клубовите кои требаше да партиципираат во натпреварувањето.

За идејата уште се залагаа Реал Мадрид и Барселона, но последните информации велат дека каталонците исто така ќе се откажат откако ги затоплија односите со УЕФА.

УЕФА ѝ излезе во пресрет на Барса по неколку важни прашања, пред се во врска со стадионот имајќи предвид дека Камп Ноу уште не е готов. УЕФА дозволи евентуално враќање на каталонскиот клуб таму ако објектот има услови пред крајот на првата фаза од Лигата на шампионите, нешто што обично не би требало да биде дозволено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ