понеделник, 8 декември 2025

Барселона ќе добие зелено светло да се врати на Камп Ноу, но со значително помал капацитет

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Барселона ќе добие дозвола од градот да се врати на Камп Ноу, но за почеток ќе може да игра пред само 27.000 навивачи.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ ќе се вратат на Камп Ноу на 14. септември и пресметката против Валенсија во 4. коло во Ла Лига.

Неколку извори пренесуваат дека градот ќе ги издаде сите документи и дозволи за повторно да се игра на Камп Ноу, но со ограничен капацитет од 27.000, далеку помалку од планираните 60.000.

Реконструкцијата на стадионот ќе продолжи и планот е тој да биде пуштан во етапи, оваа сега е Фаза 1а.

Кога ќе биде завршена Фаза 1б, капацитетот ќе се зголеми на 45.000 гледачи, а потоа со завршување на Фаза 1ц, на трибините ќе може да се појават 60.000 навивачи.

Фаза 2 ќе започне следната година, и кога таа ќе заврши, Камп Ноу ќе може да оперира со целосен капацитет од речиси 105.000 навивачи.

ФОТО: fb/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ