четврток, 11 декември 2025
Го споредуваат со Лео Меси и Ламин Јамал

Барселона има ново „чудо од дете“, веќе постигнал 176 гола со само 11 години (ВИДЕО)

Популарната „Ла Масиа“ на Барселона има нова ѕвезда, станува збор за младиот Дестини Косисо кој иако има само 11 години, веќе постигнал 176 гола.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона има надалеку прочуена академија, популарната „Ла Масиа“ продуцираше голем број на ѕвезди, последниот е Ламин Јамал, кој собори еден куп рекорди.

За неколку години на фудбалската сцена може да блесне и Дестини Косисо, кој прикажува импресивни голгетерски способности во младинските категории.

Новото „чудо од дете“ на „каталонците“ има 87 погодоци на 22 натпревари во У10 тимот, како и 58 погодоци на 30 натпревари во У11 тимот.

Во У12 тимот, Дестини Косисо има 31 погодок на 14 натпревари, па веќе се најавува како новиот Лео Меси или новиот Ламин Јамал.

Познатиот агент Фини Захави, кој се грижи за кариерата на Роберт Левандовски и Ханси Флик помеѓу другите, веќе го земал под свои закрила 11 годишното момче.

 

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ