понеделник, 15 декември 2025
Има атрактивна клаузула која важи две недели

Барса сака да го донесе играчот кој ги растури во полуфиналето на Лигата на шампиони

Барселона размислува за ангажман на Дензел Дамфрис од Интер, причината е откупната клаузула од само 25 милиони евра, која е активна до 15. јули.

Објавено на

часот

Сподели

Дензел Дамфрис беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампиони и пласманот на Интер во финале.

Десниот бек постигна два гола и забележа една асистенција во ремито од 3-3 на „Монжуик“, а потоа имаше и две асистенции на реваншот на „Меаца“ кој заврши со 4-3.

„Каталонците“ се добро покриени на десната бековска позиција со Жил Кунде, но го меркаат Дензел Дамфрис поради атрактивните услови под кои може да биде ангажиран Холанѓанецот.

Фудбалерот има откупна клаузула од само 25 милиони евра која е активна од 1. јули до 15. јули, и ова е одлична можност да се донесе квалитетно засилување без да биде потрошена огромна сума на пари.

ФОТО: X/Inter

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ