„Црвените“ остануваат единствената екипа со максимални бодови, попладнево го совладаа Барнли за четири од четири.
Актуелниот шампион на Англија тешко се справуваше со дефанзивниот пристап на домаќините, го имаа поседот на топката, но креираа малку шанси за гол.
И кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши 0-0, Меџбри Ханибал направи многу наивен пенал, на работ од шеснаесетникот испружи рака при еден центаршут и Мајкл Оливер немаше друг избор освен да покаже на белата точка.
Салах презеде одговорност и го реализираше пеналот за 0-1 во 95. минута од мечот.






