Рос Баркли важеше за еден од најголемите таленти на „островото“, но не ги исполни очекувањата, а алкохолот е една од причините за тоа.
Тој сега открива дека од летоска престанал да пие, и се потсети на една епизода од времето во Челси, кога под казна од тимскиот автобус гледал како „сините“ играат против Лил во Лигата на шампиони.
„Бев излезен во Ливерпул, беше недела а следниот натпревар го игравме во среда. Се појави и снимка, завршив и во весниците…“ – вели Рос Баркли за ситуацијата кога во 2019 година се расправаше со таксист, и мораше да биде испратен од двајца полицајци до банкомат за да извади пари и да плати за нередот кој го направил.
„Челси имаше гостување во Франција, тренер беше Френк Лампард. Не ми држеше лекции, ми кажа дека треба да извлечам поука од инцидентот, знаеше како е кога си млад“.
„Но казната му беше одлична. Патував со тимот, но немаше место за мене ниту на клупата“.
„Морав да го гледам натпреварот од тимскиот автобус. Беше навистина тешко. Ова ми даде една поинаква перцепција на работите“.
Фото: ЕПА






