Српскиот кошаркар вчера постигна 44 поени, имаше и 15 скокови, но Денвер го загуби мечот од Оклахома и има негатива од 2-3 во серијата.
„Овој човек (Јокиќ) има поголема одговорност од кого било друг во НБА, а тоа не е фер. Мораме да ги повикаме Мареј и Портер, тие треба да му помогнат на Јокиќ. Не е задача на Јокиќ да ги остави свежи, туку нивна задача е да играат подобро бидејќи и тие ја примаат проклетата плата. Мареј не е повреден и мора да игра подобро бидејќи е втор играч во тимот“, рече Баркли.
Доколку и дел од останатите кошаркари на Денвер одиграа барем просечни натпревари за нив, исходот на мечот ќе беше поинаков.