вторник, 10 февруари 2026

Барди: Конкуренцијата е силна, ама треба да покажеме дека припаѓаме во Лига Б

Македонската фудбалска репрезентација в четврток ќе ги добие противниците во Лигата на нациите, каде што за првпат ќе се натпреварува во Лига Б.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Пред извлекувањето на групите своите очекувања ги сподели капитенот на Македонија, Енис Барди. Тој потенцира дека настапот во повисок ранг е последица на игрите прикажани во Лига Ц.

Самите се доведовме во позиција да играме во поквалитетен сегмент. Го заслуживме тоа со прикажаното на натпреварите од Ц сегментот. Лига Б носи силна конкуренција, но токму тоа е предизвикот. Без разлика кој ќе ни биде противник, мора да бидеме подготвени и физички и ментално, да го држиме високиот ритам на секој натпревар“, истакна Барди.

Капитенот додаде дека репрезентацијата гледа на овој циклус како на нова можност за докажување.

Има противници со кои досега не сме се сретнале, како Швајцарија. Ова е нова шанса за сите нас, со поинаква енергија и силен мотив да покажеме дека припаѓаме на ова ниво и да се бориме за позитивен резултат. Конкуренцијата е навистина силна, ама веруваме во нашиот квалитет и сеедно против кого ќе се соочиме во групата, треба да ги одиграме тие натпревари во таков, силен ритам“, заврши капитенот.

Ждрепката за Лигата на нациите ќе се одржи в четврток во терминот од 18:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ