Барди играше за Трабзонспор, па се пресели во Бодрум кој испадна од најдобрата турска лига по што македонскиот фудбалер го напушти клубот.
Сега тој е слободен играч, а според турските медиуми добил понуда од Ризеспор која би требало да ја прифати.
Ризеспор ја заврши сезоната на деветата позиција со 49 бодови, беше блиску до позициите кои водат во европските купови.






