Германскиот шампион имаше фуриозен старт, во 6. минута поведе со автогол на Пулгар, а веќе во 9. минута водеше со 2-0 благодарение на погодок на Хари Кејн.
Фламенго се врати во игра со гол на Жерсон во 33. минута, капитенот на бразилскиот тим упати моќен удар кој заврши во мрежата на Нојер.
Но, на четири минути пред крајот на првиот дел убав гол од далечина даде и Горецка за водство на Баерн од 3-1.
По 10 минути игра во второто полувреме Фламенго повторно го намали резултатот, овојпат Жоржињо даде гол од пенал за 3-2.
Конечните 4-2 за Баерн ги постави Хари Кејн во 73. минута, ова беше негов втор гол на мечот.
Баерн Минхен во четвртфиналето ќе игра против ПСЖ.
Фото: X/FCBayern