четврток, 10 јули 2025

Баерн до врв ја наполни мрежата на Оукленд и забележа рекордна победа од 10-0 (ВИДЕО)

Баерн Минхен забележа убедлива победа против Оукленд Сити и дури 10 пати ја тресеше мрежата на противникот за рекорд на Светското клупско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Оукленд Сити е полу-аматерски клуб, но како најдобар во Океанија доби шанса да излезе на мегдан со најдобрите клубови од светот.

Голманот Скот Трејси денеска откри дека и сопствениот брат го тролал кога била извршена ждрепката, му предвидел дека ќе прими 10 гола од Хари Кејн.

Напаѓачот можеби денеска не постигна ниту еден гол, но затоа пак Баерн Минхен 10 пати ја тресеше мрежата на Скот Трејси.

Гол серијата ја отвори Коман веќе во 6. минута, за по дваесетина минути игра резултатот да биде 4-0 со погодоците на Бој, Олисе и вториот на Коман.

Во финишот на првиот дел Милер зголеми на 5-0, а во судиското надополнување Олисе со својот втор гол се погрижи на полувреме да се замине со резултат 6-0.

Во вториот дел, мрежите мируваа се до средината на полувремето, кога Мусиала зголеми на 7-0, истиот играч во 73. минута реализираше за 8-0, а на пет минути пред крајот комплетираше хет-трик за 9-0.

Во финишот од мечот, Томас Милер стави точка и конечни 10-0.

ФОТО: X/FIFA Club World Cup

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ