четврток, 29 мај 2025
Преговорите се распаднаа во 5 до 12

Баерн беспари ќе загуби уште еден играч поради „алчната пирана“ Захави

Баерн Минхен е на добар пат беспари да го загуби Лерој Сане откако фудбалерот во последен миг реши да го ангажира Пини Захави за свој агент.

Објавено на

часот

Сподели

Лерој Сане е под договор со Баерн Минхен до 30. јуни, двете страни подолго време водеа преговори за продолжување на соработката и минатата недела начелно си подадоа рака.

Сепак, во последен миг се случи пресврт откако фудбалерот реши да го ангажира Пини Захави за свој агент.

„Баварците“ немаат добро искуство со овој агент, пред четири години тој им побара огромна провизија за продолжување на новиот договор на Давид Алаба, па тогашниот претседател Ули Хенес го нарече Пини Захави „алчна пирана“.

На повидок сега е ново несогласување со оглед на тоа дека Пини Захави веднаш доставил нови барања, односно богат бонус за потпис, како и богата провизија за него.

Клубот од „Алианц“ Арена нема намера да му ги исполни овие барања, и како што пренесува Билд, ќе биде поставен прилично цврст став.

Баерн Минхен ги известил Лерој Сане и Пини Захави дека нема да се прават никакви промени, на маса останува истиот предлог – тригодишен договор со фиксна плата од 10 милиони евра по сезона, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

И не само тоа, фудбалерот има рок од 10 дена да одговори дали го прифаќа новиот договор или пак беспари ќе го напушти клубот на почетокот од јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ