недела, 14 декември 2025

Азар откри зошто одлучи на 32 години да се збогува со фудбалот

Белгиската фудбалска ѕвезда ги идненади сите кога во 2023 година на само 32 години одлучи да се пензионира од активното играње на фудбалот.

Објавено на

часот

Сподели

По турбулентниот период во Реал Мадрид каде дојде како мега засилување, а заврши како најголемо разочарување, Азар се пензионираше.

Пред него имаше уште за играње, можеше да остане во Европа, а можеше и да тргне на печалба на истокот или во САД, но Азар одлучи да се повлече.

Белгиецот сега ја објасни својата изненадувачка одлука.

„Го напуштив професионалниот фудбал затоа што едноставно не ми се допаѓаше сè што го опкружува. Сакав да бидам на терен 90 минути, но сè друго, патувањата, бескрајните тренинзи, медиумите, тоа не беше за мене. Денешните тренери работат повеќе од фудбалерите, постојано се пред компјутер со своите асистенти, а тоа не ме привлекува“, изјави Азар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ