понеделник, 16 февруари 2026

Австрија го освои златото во скијачки скокови, Словенците разочараа

Австријците Јан Херл и Штефан Ембахер победија во супертимското натпреварување во скијачки скокови на Олимписките игри во Милано и Кортина кое беше прекинато во завршницата на третата серија поради силно веење на снег.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Жирито на крајот одлучи да ги признае резултатите по две серии и четири скока, а Херл и Ембахер беа доминантни и победија со 568,7 бодови. На тој начин се впишаа во историјата како први победници на Зимските олимписки игри во една комплетно нова дисциплина која ги замени некогашните екипни скокови (со четворица натпреварувачи).

Доминацијата на Австријците денеска беше апсолутна и прекинот немаше да промени ништо за првото место, но среќа имаа Полјаците Павел Вонсек и Каспер Томашијак кој стигнаа до среброто иако Вонсек во петтата комплетно регуларна серија потфрли и во прашање беше дали ќе дојдоат воопшто до медал. Сепак елиминацијата на таа серија им дојде во прилог и се закитија со сребро.

Бронзата ја освои Норвешка, Јохан Андре Форфанг и Кристофер Ерикесен Сундал се пласираа пред Германија која беше четврта.

Големо разочарување приредија Словенците, Анже Ланишек и Домен Прец кои на крајот го освоија петтото место. Шети беа Јапонците, седми Швајцарцијте, а осми Американците.

Со супертимското натпреварување во машка конкуренција завршија скијачките скокови на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ