четврток, 29 јануари 2026

Австралиец со македонско потекло му беше тренинг-партнер на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ги одработува последните подготовки пред големото полуфинале на Австралија Опен, каде што го очекува дуел со Јаник Синер.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот ас максимално фокусирано тренира во тренинг комплексот во Мелбурн, каде што вниманието на јавноста го привлече и еден интересен детал од последната сесија.

На тренингот, Ѓоковиќ како партнер на спротивната страна од мрежата го имаше младиот Даниел Јовановски. Станува збор за 17 годишен јуниор кој настапува под австралиско знаме, но има македонско потекло и важи за еден од перспективните млади тенисери во својата генерација.

Јовановски беше дел од јуниорскиот турнир на Австралија Опен, а таму стигна до второто коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ