Германската автомобилска компанија е меѓу најголемите на светот, па и во Формула 1 влегуваат со високи амбиции. Тие собраа искусен тим во авто-мото светот, а за нив ќе возат ветеранот Нико Хулкенберг и талентираниот бразилски возач Габриел Бортолето, додека тимски шеф ќе биде Матија Биното.
Вчера Ауди ја имаше презентацијата на првиот болид во историјата. Тој ќе биде во црна, портокалова и сива боја, а изданието е интересно на прв поглед.
Освен уникатниот и нов изглед, делува дека и амбициите на Ауди се високи, тоа го потврди директорот Џонатан Витли.
„Ова е историски момент. Не сме тука за да играме, ова е исклучително амбициозен проект“, изјави тој.
Ауди ќе дебитира во Формула 1, набргу во февруари се закажани првите тестови, а потоа во март и стартот на сезоната во Мелбурн.
Highlights of the R26 launch ⬇️❤️#audif1 pic.twitter.com/Zwk5YVnaD6
— Audi F1 Racing Team (@audi_f1stars) January 20, 2026






