Иако стадионот „Емирати“ важи за еден од најмодерните во светот, фудбалерите на Атлетико Мадрид не можеле да се истушираат бидејќи во соблекувалните немало топла вода.
Делегацијата на Атлетико Мадрид била дотолку лута што веднаш поднела жалба до УЕФА, а фудбалерите биле приморани да се тушираат во хотелот откако се вратиле од тренингот.
Дали ова е психолошка игра на Арсенал или некој од лондонскиот клуб едноставно заборавил да вклучи да се згрее водата, можеби ќе се дознае некогаш, засега не е познато.






