Атлетико Мадрид и ПСЖ направија важен чекор кон полуфиналето во Лига на шампиони, откако славеа со идентични 2-0 во првите четвртфинални натпревари.
На „Камп Ноу“, Атлетико Мадрид ја искористи бројчаната предност и ја совлада Барселона со 0-2. Клучниот момент се случи во 44. минута кога Пау Кубарси доби црвен картон, по што Хулијан Алварез даде ефектен гол од слободниот удар за водство пред паузата. Во второто полувреме Александер Сорлот го потврди триумфот, додека Барса не успеа да даде гол со десетмина.
Во Париз, ПСЖ беше подобар од Ливерпул. Европскиот првак поведе преку Дуе уште во 11. минута со атрактивен погодок. Конечните 2-0 ги постави Квича Кварацхелија во вториот дел. Ливерпул одигра уште еден неубедлив натпревар, додека ПСЖ можеше и поубедливо да слави.
Реванш дуелите се закажани за следниот вторник во 21:00 часот.






