петок, 11 јули 2025

Атлетико бадијала победи, ПСЖ и Ботафого одат во осминафинале (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 1-0 го совлада Ботафого, но бразилскиот тим оди понатаму поради подобра гол разлика, тимот на Симеоне го заврши натпреварување, во нокаут фазата се пласира и ПСЖ кој со 2-0 го совлада Сиетл Сундерс.

Објавено на

часот

Сподели

На Атлетико Мадрид му беше потребна победа од три гола разлика над Ботафого за да избие пред нив на табелата, но шпанскиот тим триумифраше само со 1-0.

Европскиот клуб долго време се мачеше за да постигне гол, конечно тоа му успеа на Гризман во 87. минута од натпреварот.

Атлетико со сите сили се обидуваше да ја оствари целта, но не успеа.

На крајот иако го загуби мечот, Ботафого беше тимот кој што се радуваше по последниот судиски свиреж.

Покрај Ботафого, во осминафиналето оди и ПСЖ кој со 2-0 го совалда Сиетл.

Резултатот го отвори Кварацхелија во 35. минута, а вториот погодок за ПСЖ беше дело на Хакими во 67. минута.

Фото: X/Botafogo F.R.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ