Момчето кое од бековската линија доби прекоманда и играше во второто полувреме како лево крило имаше интересна изјава по крајот на натпреварот.
„Цел натпревар имавме осцилации, се вративме од минус пет и верувавме дека можеме да го добиеме натпреварот. Је*ига, тоа е. Немавме среќа на крајот за да победиме. Бод е бод, одиме понатаму. Овој резултат многу ни значи бидејќи се вративме од висока негатива до нерешено“, прокоментира Атанасијевиќ.
Македонија во последниот меч од групната фаза ќе игра против Романија. На овој натпревар мора да победи, а притоа ќе чека и услуга од Данска во дуелот со Португалците со надеж за што повисока победа.






