среда, 10 декември 2025

Атаман вели дека Шенгун е многу подобар од Јокиќ

Тренерот на Панатинаикос, турскиот стратег, Ергин Атаман, има големи пофалби за својот сонародник, центарот Алперен Шенгун, но се чини дека претера со пофалбите.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Шенгун технички доминира на нискиот пост, но дека неговата најголема предност е неверојатната способност за додавање. Според него, тоа го издвојува од конкуренцијата, па дури и од центарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој за многумина е најдобар во светот во моментов.

„Технички, Шенгун е одличен на нискиот пост, но е најдобар центар на светот кога станува збор за додавање. По мое мислење, тој е многу подобар и од Јокиќ. Има само 22–23 години и уште повеќе ќе напредува,“ изјави Атаман.

„Тој е стрелец, скокач и ќе видите дека оваа година ќе има многу трипл-дабл учиноци во НБА. Таму е полесно – не сакаат многу да играат одбрана“, порача Атаман со доза на хумор.

Ваквата изјава на Атаман со потсмев беше прифатена во Србија, за турскиот тренер тие велат дека е кловн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ