понеделник, 9 март 2026

Ашаданов: Треба да ги поддржиме овие девојки, бидејќи тие се иднината на нашата кошарка

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ја очекуваат нови натпревари од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на овие три средби во само седум дена, селекторот Александар Ашаданов ги сподели своите очекувања.

Следува вториот дел од квалификацискиот циклус за Европското првенство. Повторно играме со трите исти репрезентации, само по обратен редослед. Односно гостување кај екипите на Данска и на Грција, и на домашен терен играме со Хрватска. За разлика од претходниот циклус, ова е нешто ново за нас, или нешто што е сменето е нашиот состав, кој што е далеку подмладен за разлика од претходниот. Некои од возрасните кошаркарки се веќе откажани, и веќе нема да присуствуваат на натпреварите.

Затоа имаме една млада репрезентација, која пред себе треба да покаже желба, треба да го покаже тоа што го знае, и да започне нешто што треба да се гради во наредните годиниЗа очекувањата од натпреварите кои следуваат, пред се, очекуваме да го дадеме својот максимум. Да покажеме борба, а се што ќе ни се пружи како шанса, сигурно дека ќе се обидеме да го земеме.

Како спортски работник никогаш не можам дада кажам дека се откажувам од победите. Или да се откажувам од некое повисоко место на табелата. Амбициите ми се секогаш исти. Дека секогаш сакам да победувам, без разлика на тоа дали била Грција, дали била Хрватска. Но ако ја видиме реалната ситуација, само треба да знаеме дека ние треба да им дадеме шанса. И затоа ако ни се пружи првата можност, сигурно ќе пробаме да ја искористиме. Но ова се деца, и јас потполно ги охрабрувам, а се надевам дека ќе ги охрабри и целата наша нација, затоа што тие треба да бидат иднината на женската кошарка во наредниот период“, изјави Ашаданов.

Македонија во овој прозорец влегува со неколку млади кошаркарки како Дора Алексова, Вања Милосављевиќ, како и повратничката Михаела Алексовска.

Првиот натпревар против Данска е в среда, три дена подоцна на 11 март играме во Солун против Грција, а последниот натпревар е дома против Хрватска на 17.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ