четврток, 18 декември 2025
Шпанецот е под притисок да испорача титула во Премиерлигата или Лигата на шампиони

Артета потроши 1 милијарда евра на засилувања во Арсенал, а освои само еден трофеј во ФА Купот

Микел Артета е под притисок да испорача трофеј во Премиерлигата или Лигата на шампиони, Шпанецот потроши 1 милијарда евра на засилувања откако го презеде кормилото на „топчиите“.

Објавено на

часот

Сподели

Микел Артета седна на тренерското столче на Арсенал во декември 2019, го трансформираше клубот по свој мерак и „топчиите“ повторно се при врвот во Премиерлигата (три сезони по ред финишираат како вицешампиони) но им фали тој последен исчекор.

Шпанецот е под притисок да испорача шампионски трофеј откако летово доби нова поддршка од управата и беа инвестирани речиси 300 милиони евра во нови засилувања.

Вкупно, во изминативе шест години, Микел Артета потроши околу 1 милијарда евра, што е прилично голема бројка и малкумина тренери можат да се пофалат со ваков луксуз.

Во својата прва цела сезона на „Емирати“, можеби беа потрошни само 86 милиони евра, но инвестициите се зголемија во следниот период.

Во сезоната 2021/22 беа потрошени околу 167,5 милиони евра, во сезоната 2022/23 беа одвоени 186,5 милиони евра, во сезоната 2023/24 беа инвестирани 235 милиони евра, во сезоната 2024/25 беа искеширани 109 милиони евра, додека ова лето беа вложени речиси 300 милиони евра.

Микел Артета на кормилото на Арсенал може да се пофали само со 1 трофеј во ФА Купот, што е премалку за инвестиција од 1 милијарда евра, па Шпанецот сигурно ќе почне да добива критики доколку и оваа сезона не биде забележан успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ