петок, 9 мај 2025

Артета никогаш не бил погорд на своите фудбалери, но сакал да плесне шлаканица на една ѕвезда

Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека никогаш не бил погорд на своите фудбалери откако со нов триумф над Реал Мадрид обезбедија полуфинале во Лигата на шампиони, но признава дека сакал да му плесне шлаканица на Букајо Сака, откако напаѓачот промаши „Паненка“ од белата точка.

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ по пауза од 16 години ќе играат полуфинале во Лигата на шампиони, Арсенал синоќа го освои и „Бернабеу“ па со вкупни 1-5 го елиминираше актуелниот шампион Реал Мадрид.

„Ова веројатно е најдобрата ноќ во мојата кариера“ – вели тренерот на Арсенал, Микел Артета.

„Никогаш не сум бил погорд на моите фудбалери. Не само поради тоа што се пласиравме во полуфинале, туку и поради начинот на кој го сторивме тоа. Игравме против големиот Реал Мадрид, имавме многу повреди, но покажавме карактер“.

Арсенал можеше рано да поведе во Мадрид, но Букајо Сака сакаше со „Паненка“ да го матира Тибо Куртоа од белата точка, тоа го стори очајно и голманот му одбрани.

„Ми одеше да му плесна една шлаканица. Но тој сметаше дека така е најдобро да шутира, имаше храброст да шутира на таков начин. Повеќе ме загрижи како промашувањето ќе влијае врз неговата игра, но очигледно не му тежеше многу“.

Микел Артета на крајот му се заблагодари на Пеп Гвардиола, неговиот ментор од Манчестер Сити.

„Му се јавив пред натпреварот, тука сум благодарејќи на него. Ми беше инспирација и како играч и како тренер, поминав четири години со него. Благодарение на него, денес сум на оваа позиција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ