Поради тоа што Шкупи не ги исполнува условите да биде домаќин на својот стадион, мечот се одигра во Гостивар, а Арсими од стартот наметна ритам како да игра пред своја публика. Резултатот беше отворен уште во 5. минута кога Рамзифаик Селмани донесе предност од 0-1. Во 32. минута следуваше нов удар за чаирчани. Голманот направи голема грешка, му ја подари топката на Арѓент Гафури, а овој без двоумење погоди за 0-2. Прашањето на победникот беше решено на стартот на второто полувреме. Во 55. минута повторно Селмани ја затресе мрежата за 0-3 и мирен финиш за својот тим.
Со новите три бода Арсими се израмни со Башкими на петтата позиција со 26 бода и направи важен чекор кон бегство од опасната зона.
Во следното коло Арсими ја пречекува Македонија Ѓорче Петров, додека Шкупи ќе гостува кај Работнички во скопското дерби.






