Првиот дел не донесе многу возбудувања, двата тима влегоа претпазливо во мечот и играа цврсто, без премногу ризик во нападот. Најблиску до погодок беше Арсенал во 19. минута, кога по брза акција Габриел Мартинели шутираше, но топката заврши во пречката.
Во второто полувреме домаќинот беше поиницијативен и успеа да поведе. По изведен корнер, Алехандро Грималдо испрати прецизен центаршут, а Роберт Андрих со удар со глава ја испрати топката во мрежата за водство на германскиот тим.
Сепак, кога изгледаше дека Баер ќе стигне до победа, Арсенал доби пенал во самиот финиш. Во 88. минута беше досуден удар од белата точка по контакт врз Нони Мадуеке, а сигурен реализатор беше Каи Хаверц, кој израмни и ги постави конечните 1-1 против својот поранешен клуб.






