Арсенал ова лето сака да го реши проблемот кој го има со години, односно Микел Артета конечно да добие квалитетен голгетер.
На списокот иам неколку имиња, но „топчиите“ мака мачат да направат прогрес откако Спортинг и РБ Лајпциг побараа многу пари.
Виктор Ѓокереш го одби Манчестер јунајтед за да се пресели во Северен Лондон, но „лавовите“ поставија цена од 80 милиони евра, иако се пишуваше дека постои џентлменски договор за неговата продажба во зделка вредна 60-70 милиони евра.
Арсенал не помислува да одови 80 милиони евра за Швеѓанецот, па нема никаков напредок во преговорите.
Втора опција е Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг, но и тука ситуацијата е слична, „биковите“ побараа помеѓу 80 и 100 милиони евра за продажба на репрезентативецот на Словенија.
Но и ова се премногу пари за „топчиите“, кои се „ценкаат“ за поповолни услови и покрај тоа што очајно им треба напаѓач кој ќе гарантира голови.
ФОТО: X/RB Leipzig English