понеделник, 15 декември 2025

Арсенал има ново „чудо од дете“, 15 годишниот Макс Доумен импресионираше против Њукасл (ВИДЕО)

Арсенал славеше против Њукасл со 3-2 на контролниот натпревар во Сингапур, но шуто го украде 15 годишниот Макс Доумен, новото „чудо од дете“ на клубот од Северен Лондон.

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ го добија и вториот натпревар на турнејата во Азија, денеска момците на Микел Артета триумфираа над Њукасл.

Новото засилување Еленга ги донесе популарните „свраки“ во предност од 0-1 по само шест минути игра, но Микел Мерино изедначи во 33. минута, за Арсенал да поведе со 2-1 само 120 секунди подоцна, Алекс Марфи си ја затресе сопствената мрежа.

Џејкоб Марфи изедначи на 2-2 во продолжението од мечот, за во финишот Одегард од пенал да реализира за 3-2.

Но една од главните теми по овој натпревар е 15 годишниот Макс Доумен, кој доби половина час.

Младото момче имаше неколку квалитетни продори, малку фалеше да постигне гол, а и врз него беше направен пеналот со кој Арсенал стигна до победа.

Очигледно „топчиите“ имаат ново „чудо од дете“ во своите редови и фудбалер кој може да блесне во годините кои доаѓаат.

ФОТО: X/Arsenal

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ