недела, 14 декември 2025
„ТОПЧИИТЕ“ КОНЕЧНО ДОБИЈА НОВ НАПАЃАЧ

Арсенал го потврди трансферот на Ѓокереш, Спортинг ја откри финалната цена

Арсенал вечерва го официјализираше трансферот на Виктор Ѓокереш, напаѓачот пристигнува од Спортинг во зделка вредна околу 76 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Заврши трансфер сагата на Виктор Ѓокереш, напаѓачот вечерва и официјално беше потврден како ново засилување за Микел Артета.

„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека Виктор Ѓокереш стави потпис на долгогодишшен договор“ – се вели во соопштението на „топчиите“.

Спортинг во известување до португалската берза ја откри финалната цена на трансферот.

Арсенал ќе плати околу 76 милиони евра, односно 65,76 милиони како фиксен дел и 10,25 милиони во форма на бонуси.

Клубот од Лисабон исто така потврди дека агентите на Виктор Ѓокереш се откажале од провизијата од 10%, или во случајов 7,6 милиони евра.

ФОТО: X/Arsenal FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ