Клубот од Северен Лондон се уште нема донесено ниту едно засилување за новата сезона, но се верува дека имаат договорено три нови имиња.
Наскоро ќе бидат потврдени трансферите на Кепа Аризабалага од Челси, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Кристијан Норгард од Брентфорд.
Но ниту еден од нив не е тоа што пјачно му треба на Арсенал – ангажман на нов напаѓач од светска класа.
Ова е главната главоболка во тимот на Микел Артета, тоа им е на сите јасно, но „топчиите“ не бележат прогрес на ова поле.
Виктор Ѓокереш од Спортинг и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг се посочуваат како главни трансфер цели, но преговорите тапкаат во место и Арсенал не може да најде компромис за условите по кои би се реализирала зделката.
ФОТО: X/Arsenal