понеделник, 15 декември 2025
ТРЕНЕРОТ НА ШАХТАР ЦЕЛО ВРЕМЕ ВРТИ ПОГЛЕД

Арда Туран е хит на социјалните мрежи, се плаши да ја погледне атрактивната новинарка (ВИДЕО)

Тренерот на Шахтар Доњецк, Арда Туран е хит на социјалните мрежи поради интервјуто со Дарија Бондар по победата над Бешикташ, сите се мајтапат дека тој се плаши да ја погледне атрактивната новинарка.

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот, Шахтар гостуваше кај Бешикташ во второто коло во квалификациите во Лига Европа, клубот од Украина стигна до триумф од 2-4, но на фудбалските љубители поинтересно им е интервјуто на Арда Туран со Дарија Бондар.

Славниот фудбалер на Галатасарај, Атлетико Мадрид и Барселона избегнуваше да ја погледне атрактивната новинарка, а и кога ќе го стореше тоа, веднаш вртеше поглед.

Па на социјалните мрежи има голем мајтап на сметка на тренерот на Шахтар, многумина сметаат дека тој се плаши да ја погледне Дарија Бондар поради сопругата Аслихан, други пак мислат дека Турчинот едноставно е срамежлив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ