сабота, 11 април 2026

Арбелоа: Од месечината се виде дека е пенал врз Мбапе

Алваро Арбелоа остро реагираше по ремито на Реал Мадрид против Жирона (1-1), тврдејќи дека „кралскиот клуб“ бил оштетен за чист пенал.

Објавено на

часот

Сподели

Во спорниот момент, Килијан Мбапе доби удар со лакт во шеснаесетникот. По ударот неговото лице беше раскрвавено, но судиите не покажаа на белата точка. Спорната ситуација погледнете ја на ОВОЈ линк.

Фаулот врз Мбапе беше чист пенал. Тоа беше пенал кој може да се види од месечината. Но, тоа е што е, секогаш исто. ВАР интервенира кога сака, кога не сака да види нешто не интервенира“, изјави Арбелоа.

Во шпанскиот фудбал во последно време често има полемики кои ја разбрануваат јавноста, па ова е само една во низата на оспорени одлуки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ