Тој може да стане првиот фудбалер кој во една сезона освоил две натпреварувања на УЕФА, конкретно Лига Европа и Конференциската лига.
Тоа ќе се случи ако Манчестер Јунајтед и Бетис победат во финалните натпревари.
Првиот дел од сезоната Антони го помина како играч на Манчестер Јунајтед за кој одигра доволен број на натпревари во Лига Европа за да го добие медалот.
Во вториот дел настапува за Бетис, и со шпанскиот клуб може да се закити со трофејот од Конференциската лига.
Бразилецот е првиот играч кој се наоѓа во ваква ситуација.