Младиот Италијанец стана втор најмлад победник на една трка зад рекордерот Макс Верстапен. Антонели вчера стана најмлад освојувач на пол-позиција, а денес со доминантен перформанс стигна до својата прва победа како 19-годишник.
Само на стартот беше загрозено првото место на Антонели, меѓутоа бргу се врати на врвот и потоа немаше конкуренција за сигурна победа. По крајот на трката младиот возач не успеа да ги задржи емоциите и заплака за време на интервјуто крај патеката.
Aww, Kimi! 🥹#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/ud0U2scsUK
— Formula 1 (@F1) March 15, 2026
На второто место се пласира Џорџ Расел кој ја искористи битката на двајцата возачи на Ферари која траеше долго. Британецот по победата во Мелбурн и вчера во спринтот освои нови бодови во трката на шампионатот со нова еден-два победа.
Прв пласман на подиумот во болидот на Ферари забележа Луис Хамилтон по големата битка со својот тимски колега Шарл Леклер. Двајцата веројатно сами си влијаеа на шансите за двоен подиум, меѓутоа покажаа вистинско тркање во Шангај.
Во трката со доста откажувања во топ десет се протнаа Берман, Гасли, Лосон, Хаџар, Саинц и Колапинто. Поради технички проблеми трката не ја започна дуото од Мекларен, Норис и Пиастри, како и Албон и Бортолето, а отпаднаа уште Верстапен, Алонсо и Строл.






