петок, 30 мај 2025

Антиќ: Главчев е вистинскиот избор за прв човек на кошарката во Македонија

Од денеска македонската кошарка добива нов претседател, Томица Главчев седнува на столчето на Перо Антиќ кој заминува од функцијата по шест години.

Објавено на

часот

Сподели

Главчев како единствен кандидат за избор на нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, денеска се сретна со Перо Антиќ кој ќе му го отстапи местото.

„Ми претставува особена чест ни задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската Федерација која беше мојот дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот Претседател му посакувам среќа и успешна работа во години што следат“, рече Антиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ