недела, 14 декември 2025

Ангеловски замина од Кипар по серијата лоши резултати со Етникос

Поранешниот македонски селектор, Игор Николовски поднесе оставка од тренерската позиција во Етникос Ахна откако влезе во низа од шест порази во првенството.

Фото: Етникос Ахна

Објавено на

часот

Сподели

Ангеловски преку социјалните мрежи ја потврди оставката, со него заминува и неговиот асистент.

„Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на Етникос Ахна и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент Милан Илиевски. Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра но оставката е чин на морална одговорност. Му благодарам на претседателот за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката. Им посакувам понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план“, објави Ангеловски.

На клупата на овој клуб, Ангеловски пристигна во октомври и го водеше тимот на вкупно десет натпреври во кои имаше само три победи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ