Пред Македонија се два исклучително важни натпревари од квалификациите за СП 2026 година, на 10 октомври гостуваме во Гент кај Белгија, а три дена подоцна во Скопје ќе го пречекаме Казхстан.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на овие два меча и изрази оптимизам во пресрет на нив. Повратници во селекцијата се Давид Бабунски и Стефан Ашковски.
„Списокот е идентичен како претходниот, со тоа што Лирим Ќамили отсуствува поради повреда. Тука се и двајцата повратници, Ашковски и Бабунски, а се надевам пред сè дека сите ќе бидат здрави. Бабунски е со нас откако сум селектор, имаше проблем со клубот каде што беше претходно. Сега се враќа и верувам дека неговиот потенцијал е потребен за нашата репрезентација и затоа е тука“, изјави Милевски.
„Сите пет меча досега беа главни битки. Ни останаа уште три, кои мораме да ги одиграме на највисоко ниво. Овој со Белгија е ист како претходните – да не беа тие важни, сега немаше да сме во оваа позиција. Ќе се обидеме да завршиме најдобро што можеме, а што тоа ќе донесе – ќе видиме. Ретко кој очекуваше да имаме толку бодови по пет натпревари, но ние сме таму каде што сме. Стоиме цврсто на земја, знаеме против кого играме. Белгија е главен фаворит, но Македонија покажа дека може да биде конкурентна. Никој не може да ни го одземе сонот за Мундијал. Случајни работи во спортот нема. Македонија никогаш немала случајни резултати. Можно е да ја изненадиме Белгија – да, можно е. Тимот ќе биде пред сè, очекувам натпревар со индивидуален квалитет каде што Белгија е напред, но крајот ќе покаже кој ќе биде победник“, заврши селекторот“, оптимист е Боби.
Списокот на Македонија за октомвриските натпревари
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Падерборн, Германија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Лајпциг, Германија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Џирона, Шпанија), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Барнли, Англија), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Стефан Ашковски, Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)






