Ангеловски би можел да стане тренер на ФК Приштина која бара наследник за Арсим Таќи.
Наводно македонскиот стратег е главен фаворит за испразнетото тренерско место, шансите двете страни да постигнат договор се големи.
Ангеловски без ангажман е од јули 2023 година кога ја напушти клупата на Каспиј. Претхдоно беше тренер и на хрватска Горица.
Пред да стане селектор на Македонија, го водеше Работнички.






