сабота, 24 јануари 2026

Андреас Волф правеше чуда и со 23 одбрани донесе победа на Германија на ЕП

Ракометна Германија го слави Андреас Волф, откако голманот практично им донесе победа против Норвешка (30-28) во главната фаза на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Искусниот голман беше неверојатен и го заврши натпреварот со вртоглави 23 интервенции. Волф во клучните моменти фаќаше зицери и инспирираше пресврт за Германците во оваа средба. Блесна во вториот дел и младиот Марко Гргиќ кој даде седум гола во вторите 30 минути.

Со оваа победа Германците се лидер со шест бода пред Франција и Данска кои имаат по четири, а токму со нив момците на Гисласон играат во последните две кола.

Претходно важна победа забележа и Данска над Шпанија (31-36). Еден од домаќините остана во игра за највисок пласман во групата во борбата за полуфинале, а до крајот освен со Германија играат уште со Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ