недела, 13 јули 2025

Андреас Трајковски победник во скок во далечина на Европското екипно првенство

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски победи во скок во далечина на екипното Европско првенство 3. дивизија кое денеска и утре се одржува во Марибор, Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Трајковски прескокна 7,83 метри, за четири сантиметри беше подобар од Даниел Инги Егилсон од Исланд.

Својот најдобар скок, Трајковски го имаше во петтата серија и дури тогаш го надмина Егилсон кој претходно беше на првото место.

„Се чувствувам прекрасно бидејќи ја одбранив титулата од пред две години. Бев малку нервозен пред почетокот затоа што имам проблеми со коленото, но дадов се од себе, без разлика како ќе се чувствувам подоцна. Среќен сум што ѝ донесов победа на мојата земја што е уште еден голем успех откако на Европското првенство во сала стигнав до финалето. Уверен сум дека наскоро ќе ја минам и границата од 8 метри“, рече Трајковски кој со победата на Македонија ѝ донесе максимални 15 бода.

Во моментов, македонската репрезентација има 80 бода и се наоѓа на 10. место во генералниот пласман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ