На 1. октомври ќе биде објавена новата биографска книга на Карло Анчелоти – „Сонот: Како да се освои Лигата на шампиони“.
Италијанецот за својата авантура во Баерн Минхен вели дека е најбруталниот отказ кој го добил.
„Сум добил четири откази од големи клубови – Јувентус, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхем. Ова покажува дека не треба нестабилен претседател или непредвидлив сопственик за да добиеш отказ. И акционерите на една компанија можат да те отпуштат“ – вели Карло Анчелоти.
„Тоа беше најбруталниот отказ во целата моја кариера. По моето заминување, стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампиони и беа елиминирани од – погодете кој! – Реал Мадрид“.






